Воен термин - категорија

забит повеќе

мн. забити
Вид збор: Именка, машки род
Турски воен старешина.
Англиски: officer Турски: zabit
Примери:
Напред јаваа двајца бегови и еден забит.

заднина повеќе

(едн.) заднината
Вид збор: Именка, женски род
Територија зад фронтот.
Англиски: background Албански: prapavijë
Примери:
Цело време пренесуваше сандаци муниција од заднината и ги носеше на бојната линија.

задуши повеќе

задушат
Вид збор: Глагол, свршен
Усмрти со отровен гас и сл.
Англиски: gas Албански: helmoj me gaz
Примери:
Ги задушиле во логорот со отровен гас.

залп повеќе

мн. залпови
Вид збор: Именка, машки род
Едновремен истрел од поголем број огнено оружје.
Англиски: salvo
Примери:
Од партизанските заседи грмна залп.

запалка повеќе

мн. запалки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од бомба, мина што предизвикува палење, експлозија.
Англиски: fuze Албански: fitil, kapsollë
Примери:
Запалката беше расипана и бомбата не експлодира.

заплени повеќе

запленат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе туѓа стока, имот во војна, како последица на воени операции.
Англиски: capture Албански: pushton
Примери:
Во текот на борбата партизаните запленија многу оружје.
Земе како плен, зароби некого.
Англиски: capture Албански: pushton
Примери:
При нападот запленија неколку непријателски војници.

заповедништво повеќе

мн. заповедништва
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Право на заповедање, на командување.
Англиски: command Албански: komandë
Примери:
Власта во градот е под заповедништво на сојузничките сили.
управа, команда
Англиски: command Албански: komand, drejtim

зароби повеќе

заробат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати жив непријател (во војна).
Англиски: captivate Албански: robëroj
Примери:
Тој зароби двајца непријателски војници.

заставник повеќе

мн. заставници
Вид збор: Именка, машки род
Подофицерски чин во војската.
Англиски: sergeant major
Примери:
Признанието „Ѕидот на беспрекорните“ на заставникот Бобан Стојановиќ му беше доделено од Академијата за подофицери на Армијата на САД.

затворач повеќе

мн. затворачи
Вид збор: Именка, машки род
Подвижен дел, механизам на огнено оружје кој служи за затворање на куршумот во цевката, за истрелување и за исфрлање на празните чаури.
Англиски: lock, shutter Албански: mbyllës, ndalues
Примери:
Го чистеше затворачот на пушката.

затишие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Состојба на привремен прекин на фронт - привремено смирување на борбите.
Англиски: silence Албански: heshtje, pushim
Примери:
Привидно затишје.

заштита повеќе

(едн.) заштитата
Вид збор: Именка, женски род
Земање во одбрана.
Англиски: protection Албански: mbron
Примери:
Артилеријата има заштита од пешадија.

заштитница повеќе

Види и: заштитник (м.)
мн. заштитници
Вид збор: Именка, женски род
Дел од единица што при марш ја штити одзади главнината од напад.
Англиски: rearguard Албански: mbraparojë
Примери:
Главнината замина, а заштитницата остана.

збор повеќе

мн. зборови
Вид збор: Именка, машки род
Извик со кој се командува постројување на една единица.
Англиски: gather Албански: urdhër
Примери:
Војници, збор!

знаменосен повеќе

Види и: знаменосец (м.)
знаменосниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на знаменосец.
Примери:
знаменосен вод

зрно повеќе

мн. зрна
Вид збор: Именка, среден род
Муниција за огнено оружје.
Англиски: bullet Албански: plumb
Примери:
Непријателските зрна ни летаа над главите.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш